За Нашата установа
Изминатите години работа ќе останат најдобро запаметени пред се, преку резултатите кои се реален епилог на работата стручниот кадар во установата со корисниците на услуги и тоа преку секојдневно, несебично вложување на труд во насока на постигнување на посакуваните резултати, преку реализацијата на многу едукативни проекти, во и надвор од територијата на РМ, преку постојано барање и изнаоѓање на разни начини за поттикнување на дружењето мегу децата, справување со девијантното однесување кај дел од корисниците, размена на искуства, едукации во насока на осамостојување на децата по излегување од установата, стекнување на основни животни навики, ангажирање во едукативни работилници и слично). Тимската работа и стручниот кадар кој без разлика на околностите е секогаш покрај децата кога тоа е потребно, во установата, но и надвор од неа е примарното со што се гордееме и секако може да се пофалиме.
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА УСТАНОВАТА
Првично Установата е основана од страна на Народен одбор на град Скопје на ден 19.09.1957 година, како Прифатилиште за деца и младинци, за подоцна да го промени називот во Работна организација за згрижување и воспитување на деца и младинци – 25 Мај – Скопје.
Од 18.11.2008 година, се менува називот на установата и таа продолжува да работи под називот Јавна Установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми.
На 11.11.2014 година, согласно Одлука на Влада на РМ , Установата ја проширува својата дејност во насока на згрижување и на деца со нарушено поведение и работата ја обавува во два објекта на територија на град Скопје,под новиот назив Јавна установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.
Децата во објектот се сместуваат, се работи на нивното воспитание и образование, од страна на стручните работници се применуваат разни методи за опсервација и дијагностика, се дефинираат корективни третмани, индивидуални и групни, за работа со малолетното лице во зависност од потребата и слично.