Сместување во мали групни домови

Од 27.07.2018 година ставени се во функција 3 организациони единици по следното: Куќа Тафталиџе, Куќа Капиштец, Куќа Влае.Од 25.08.2018 во функција беа ставени уште две организациони единици и тоа: Куќа Влае и Куќа Козле. Во текот на 2009та година отворени се уште две организациони единици: Куќа Радишани и Куќа Визбегово.

 

Посета од вработените од Н.Б. на Р.С.М.

На ден 30.12.2022 година вработените од Народна Банка на Р.С.М посетија еден од малите групни домови во рамките на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје. Со многу љубов и внимание поразговараа со децата и вработените, за целокупниот процес на деинституционализација, начинот на работа и предизвиците и убавините кои се дел од овој хуман процес. Како што е редот им посакаа Среќна Нова година и со пакетчиња кои ги израдуваа децата од сите 7 мали групни домови. Дополнително на децата од малиот групен дом, кој го посетија им подарија и електричен шпорет кој им беше потребен. Од се срце Ви благодариме за посетата можноста да се запознаеме и поразговараме. Со вашата хуманост, скромност и човечност креиравте дел од убавите спомени на децата.

Огласи

Оглас за вработување

 

Во моментов нема активни огласи за вработување